Македонија
22. March 2025 - 20:41

Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани

Во Штип вечерва во тишина, без говори и со пораката „Вие го запаливте пламенот спремете се за оган“ се собраа младите на Градскиот плоштад „Слобода“, изразувајќи го својот револт за несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.  

Тие мирно маршираа низ улиците во централното градско подрачје, поминувајќи покрај црквата „Свети Никола“, завршувајќи го маршот повторно на плоштадот „Слобода“.

Штипјани со длабока тага во потполна тишина им одаваат почит на загинатите во дискотеката во Кочани, меѓу кои и петтемина штипјани.