-->
-->
Во Штип на предвремените Парламентарни избори ќе се гласа на 77 избирачки места
-->
Почнаа подготвителните активности на Општинска изборна комисија (ОИК) – Штип за да ги спроведе предвремените Парламентарни избори на 12 април. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева вели дека на овие избори граѓаните на Општина Штип ќе гласаат на вкупно 77 избирачки места, а во работата на избирачките одбори се ангажирани 308 лица.
–Како што беше во изминатите два изборни циклуси, така и во овој три избирачки места се припоени до најблиските избирачки места. Тоа се 2287, 2289 и 2304. Тоа значи дека и овој изборен циклус останува ист бројот на избирачки места, а тоа е 77 во општина Штип, вели Андреева.
Во тек се и обуките на членовите на избирачките одбори. Андреева појаснува дека едукацијата ја реализираат едукатори од ДИК.
Во моментов не се знае колку граѓани имаат право на глас во Општина Штип, овој податок ќе се добие со доверливиот гласачки материјал, по што ќе се знае дали има помалку или поголем број гласачи од претходните избори. Во Штип еден ден пред изборите своето право на глас ќе го остварат и болните и изнемоштени лица, но и осудениците во Затвор-Штип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Секое петто боледување во МВР е неуредно или неправилно
-

Од септември регионални лиги во ракомет со македонски, српски и црногорски екипи
-

Дом за кучиња на кратко, надеж за цел живот: „Лајка“ воведува привремено згрижувањена кучиња
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани - нафтата падна на 96 долари
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
-

СДСМ: Мерките се задоцнети
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
-

Истражување: Некои бактерии можат да преживеат меѓупланетарни патувања
