Во Штип отворена првата изложба „Писатели-Сликари“

Во фоајето на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип денеска беше отворена првата државна изложба насловена „Писатели-Сликари“.
Посетителите можа да ги видат делата на шестмина автори, кои се и писатели, но и кои интензивно сликаат. Станува збор за делата на Љубомир Донски од Штип, Велко Неделковски од Скопје, Јордан Ѓорчев од Свети Николе, Христо Петрески од Скопје, Трајче Кацаров и Нада Накова од Штип. Христо Петрески кој е иницијаторот на првата ваква изложба во земјава забележува дека во уметностите се многу тенки границите, дури и невидливи, односно смета дека сите уметности се надополнуваат, се проткајуваат, па и се синтетизираат. Петрески неколку години наназад ги мотивар писателите, актерите и музичарите да почнат со сликањето.
- Можам веќе сега да кажам дека поголем број на писатели, после таа моја иницијатива веќе сликаат и тој број на писатели - сликари секојдневно се зголемува. Веднаш да кажам јас нив ги анимирам и ги поканувам и еве во Штип денеска се случува првата изложба на шест автори, вели Петревски.
Писателите и сликарите Нада Накова и Јордан Ѓорчев забележуваат дека и пишувањето и сликањето си имаат свои убавини.
- Јас токму сега кога требаше да изберам песна со која ќе настапам, бирав песна која ќе создаде кај слушателот слика, а кога цртам настојувам гледачот да може да ја прочита сликата, вели Накова.
Ново на Сител
-

Започнуваат зимските попусти во Грција
-

Бензините и маслото за домаќинство поскапуваат за половина денар
-

На македонските аеродроми лани превезени 3,5 милиони патници, раст од девет проценти на годишно ниво
-

Стабилно и суво до крајот на неделава, од среда потопло
-

Иран вели дека ситуацијата сега е „под целосна контрола“ по крвавите протести за време на викендот
-

Во скриен бункер на камион на ГП Стар Дојран пронајдени 5050 штеки цигари | ВИДЕО
-

Црвен крст на Србија достави помош за 400 домаќинства, итна седница на Штабoт за вонредни ситуации
-

Објавена снимка како е скршено стаклото на бугарската амбасада во Скопје
