Во Штип презентирана мерката „Лидер“ од Програмата ИПАРД 2

Мрежата за рурален развој на Република Македонија и Центарот за развој на Источно планскиот регион денеска пред претставници на општините, невладиниот и бизнис секторот ја презентираа мерката „Лидер“, која треба да се акредитира и ќе биде понудена во рамки на Програмата ИПАРД 2.
Претседателот на Мрежата за рурален развој на Република Македонија, Петар Ѓорѓиевски нагласи дека во западно европските земји фирмите и граѓаните веќе ги користат овие средства за отворање сопствени бизниси во руралните средини.
- Тоа се проекти кои се послични на 302 мерка, каде што можат да се отвараат дури и фризерски салони, фитнес и бизниси кои произлегуваат од самите потреби на локалното население. Тоа се проекти кои немаат врска со земјоделството, туку тоа се проекти кои се неземјоделски се барзираат на потребите на локалното население. На пример во Словенија на територијата на локалните акциски групи јас имав можност да видам проект кој е поддржан. Тоа е една леарница која изработува разни склуптури, рече Ѓорѓиевски.
Општините, невладиниот и бизнис секторот преку ИПАРД 2 програмата можат да добијат и средства за развој на алтернативниот туризам, потоа изградба на патеки и помали локални патишта. Во моментов мерката „Лидер“ треба да се акредитира по што ќе се определи и висината на фондот, односно колку средства ќе можат да се добијат од Фондовите на ЕУ. Но, претходно од општините треба да изготват стратегија и акциски планови, а сумите за добивање на средства ќе бидат дефинирани од реосрното министерство.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
