Во Штип пуштена во употреба новата пешачка и велосипедска патека

Заврши изградбата на пешачката и велосипедска патека во должина од три километри и 700 метри покрај течението на реката Брегалница меѓу штипските населби „8 ми Ноември“ и „Сењак“. Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев кој присуствуваше на пуштањето на патеката во употреба истакна дека штипјани, пезнионерите, рекреативците и спортистите добиваат нова патека за рекреација и спортување.
- Ова ќе биде шеталиште за штипјани, највеќе ќе добијат жителите на населбите 8 ми Ноември, Сењак и Баби, но посебно ќе ги доближиме двете населби кои граничат со оваа наеслба, а тоа е населбата Македонка, каде луѓето мораа да одат преку населбата Железничка, за да стигнат во градот, населбата Балканска исто така ќе добие многу затоа што ќе добијат пристапна пешака патека, која е побезбедна, ќе се направат и два моста. Тие веќе постојат, но ние ќе ги прилагодиме за пешаци, вели Захариев.
Тој додаде дека во текот на наредниот период оваа патека ќе добие и урбана опрема и улично осветлување, а проектот чини 200.000 евра. Наредната година продолжува и третата фаза од оваа патека, односно изградба од населбата Сењак до приградската населба Стар Караорман.
Ново на Сител
-

Уапсен полицаец во Делчево кој возел без положен возачки испит, возилото одземено
-

Во две сообраќајни несреќи тешко повредени три лица, двајца малолетници и еден велосипедист
-

Медведев: Ситуацијата е многу опасна, не може да се исклучи глобален судир
-

Влада: Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за четврток
-

Ѓоковиќ: Ќе се вратам на АО, но дали ќе ме видите тука како активен играч, времето ќе покаже
-

Дизел горивата поскапуваат за половина денар
-

Аудито на Мерко од 67.000 евра оди на надавање, почетна цена 10.000 евра
-

Во јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, приведени 74 лица за безобѕирно управување на возило
