Бизнис
17. November 2016 - 9:33

Во Штип регионален состанок на Организацијата на работодавачи на Македонија

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) денеска во Штип ќе одржи регионален состанок во рамки на проектот „Деловен појадок“, чија главна цел е размена на мислења и идеи за измени и дополнувања на законската регулатива во областите кои се од интерес на работодавачите и бизнис секторот во Република Македонија.

Главна тема на регионалнот состанок ќе бидат причините за дефицит на квалификувана работна сила во домашната текстилна индустрија. 

На состанокот ќе се разгледаат и предлозите на ОРМ за измени на законската регулатива со која ќе се олесни пријавувањето на сезонските работници во задолжителното социјално осигурување, а ќе се разговара и на други теми од интерес на бизнисот.

На регионалниот состанок се поканети и членовите на Трговско-текстилниот кластер.