Во штипскиот ковид центар намален бројот на хоспитализирани пациенти
Во штипскиот ковид центар намален е бројот на хоспитализирани пациенти со коронавирусот.
Портпаролот на Клиничка болница-Штип Марина Шуманска во здравствениот билтен информира дека за разлика од минатата недела, кога имаа само по неколку слободни места, веќе денеска на Инфективното одделение имаат 17 слободни болнички кревети, а на Кожното одделение вкупно девет.
Во штипскиот ковид центар се лекуваат вкупно 44 пациенти, од кои на 34 им е потребна постојана кислородна поддршка. Битката ја загубиле двајца пациенти на возраст од 90 и 70 години од Штип.
Инфектолозите апелираат граѓаните да се имунизираат, а во вакциналниот пункт во Штип дневно за прва доза интерес имаат околу 40 граѓани. Дијана Коцева Миланова, координатор на вакциналниот пункт вели дека засега интересот е поголем за „бустер дозата“, а околу 100 граѓани дневно ја примаат третата доза „Фајзер“.
Во штипскиот регион комплетно се имунизирани над 35.000, а „бустер доза“ примиле над 3.500 лица.
Ново на Сител
-

Затворен за сообраќајот патот Удово - Валандово, магла на планинските превои
-

Променливо со слаби локални дождови и снег на планините
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
