Во штипските училишта досега запишани 148 првачиња
Во петте основни училишта досега се запишани 148 првачиња. Раководителот на Секторот за јавни дејности, ЛЕР и образование, Билјана Казанџиска вели дека сите ученици се запишани од реоните на кои им припаѓаат, а родителите доставиле и уредни вакцинални картони за сите примени вакцини. Тие како локална власт ги почитуваат насоките што им се дадени од министерствата за образование и здравство.
– Во Општинското основно училиште „Ванчо Преќе“ до 13 мај се запишани 30 ученици, во „Гоце Делчев“ се 26, додека во „Димитар Влахов“ има 40 првачиња и сите се со реден вакцинален статус. Во „Тошо Арсов“ се запишани 24, а во училиштето „Славејко Арсов“ во населбата „Баби“ се запишани 28 ученици, вели Казанџиска.
Според патронажните служби во Штип во прво одделение во учебната 2019/2020 година треба да тргнат вкупно 538 првачиња. Казанџиска забележува дека втората половина од мај се очекува да се интензивира уписот на првооделенците. Минатата година во Штип имало вкупно 444 првачиња.
Ново на Сител
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер