Во Сирија и Ирак војуваат 30.000 странски борци
Американските разузнавачки служби проценуваат дека речиси 30.000 странски борци од 2011 заминале за Сирија и Ирак, многу од нив за да се придружат на џихадистите на Исламска држава.
Тој број што опфаќа и голем број луѓе од Западот, меѓу кои и околу 250 Американци, двојно е поголем во однос на минатогодишната проценка на американските власти.
„Њујорк тајмс“ бројката од 30.000 странски борци ја објави повикувајќи се на анонимни „разузнавачки и полициски претставници“.
Се очекува во вторник да биде објавен извештај на комисијата на американскиот Конгрес за приливот на странски борци во Сирија и Ирак, што би требало да покаже дека нивниот број расте и така да укаже на тоа дека едногодишните воздушни удари на коалицијата на чело со САД не го забавиле темпото на регрутирање нови борци на ИД.
Освен воздушните напади на коалицијата на положби на ИД, Пентагон исто така воспостави 500 милиони долари вредна програма за обука на „умерени“ сириски бунтовници.
Ново на Сител
-
Поскапуваат бензините и дизелот
-
Германија пријави нелегални летови со дронови над воената база
-
За една година патувањето со авион во Грција поскапо за 47,7 отсто
-
Иниго Мартинез се повреди во финалето на Суперкупот
-
Три затворски, една условна и една ослободителна пресуда за уништувањето на опремата за прислушување
-
Забрана за движење на камиони на планинскиот превој Плетвар
-
УЈП: Извршени 696 контроли согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања во декември 2024
-
Зголемен бројот на странски туристи