Во Сирија убиен еден од најопасните австралиски терористи

Мултинационалната антиџихадистичка коалиција во Сирија, предводена од САД, деновиве го ликвидирала Халед Шаруф, еден од најопасните австралиски терористи, кој и имал пристапено на групата Исламска држава, пренесе ТАСС, повикувајќи се на телевизијата Еј-Би-Си.
Авиони на коалицијата во петокот извеле воздушен напад врз еден автомобил во реонот на сирискиот град Рака, во кој се наоѓал Шаруф. Заедно со овој 36-годишен терорист во возилото биле и неговите двајца малолетни синови. Сите загинале во експлозијата.
Пред три години на социјалните мрежи се појавија снимки на кои седумгодишниот син на Шаруф во рацете држи отсечена човечка глава.
Во февруари џихадистот стана првиот човек што го загубил австралиското државјанство по влегувањето во сила на новиот закон, со кој се засилуваат мерките за борба со тероризмот, потсети ТАСС. Законот на австралиските власти им дава право на австралиски државјани да им се одзема државјанството доколку се фатени во особено тешки кривични дела, поврзани со тероризмот. Оваа одредба, меѓутоа, може да се применува само за луѓе со двојно државјанство, како што е примерот со Шаруф, кој има и либанско.
Ново на Сител
-

На Клинички ќе има четири вида на плаќање, а цените ќе ги одредува советот на Град Скопје
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
-

Мицкоски бара извинување од Трендафилов за навредите кон Стојаноска
-

Повластени тарифи за 60 производи
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците денеска го блокираат Сојузот на стопански комори
-

Кој се ќе биде опфатен со владината реконструкција?
-

Саит Саитов приведен во Србија, се чека негова екстрадиција
