Во Скопје 11 сообраќајки, еден потешко и осум полесно повредени
Едно лице е потешко повредено во една сообраќајна несреќа од вкупно 11 сообраќајки што се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Полесно повредени се осум лица во пет сообраќајни незгоди, а материјална штета е причинета исто така во пет сообраќајки.
Во изминатото деноноќие, 41 возач ја надминале дозволената брзина, а од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои четворица биле под дејство на алкохол и 14 возеле пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило. Тројца возачи поминале на црвено светло на раскрсница.
Од сообраќај се исклучени 15 нерегистрирани возила. Непрописно паркирани биле 129 возила, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 73 возила.
Кај пешаците во текот на изминатото деноноќие, четворица поминале на црвено светло.
Во текот на денешниот ден, едукативни работилници ќе бидат реализирани со ученици од второ и четврто одделение во основното училиште „Лазо Трповски“ во општина Карпош.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија