Во Скопје 299 санкционирани возачи, 43 за брзо возење

Вкупно 299 мерки, меѓу кои 43 за возење повеќе од дозволената брзина, 27 за возење без возачка дозвола и девет за минување на црвено светло на семафор се изречени во текот на вчерашната контрола во областа на сообраќајот на територијата на Град Скопје што ја спроведе Секторот за внатрешни работи Скопје.
-При контролата се изречени и 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, 55 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за управување под дејство на алкохол..., соопшти МВР и додаде дека и во наредните денови продолжуваат сообраќајните контроли.
ОД МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
