Во Скопје 7 сообраќајки, тројца повредени, пајакот отстранил 67 возила

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на седум сообраќајни несреќи, од кои четири се со материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле три лица.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Санкционирани се четири возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, четири возачи не ги почитувале светлосно сигналните уреди и тројца возачи кои сториле прекршоци по разни основи.
Затекнати се и шест нерегистрирани возила, девет лица без возачка дозвола, четири возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не носеле заштитен шлем на глава и 18 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 67 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „8 Март“, објектите „Пеперутка I и II“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
-

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
-

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор
-

Де ла Фуенте: Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол
