Македонија
14. јуни 2017 - 12:58

Во Скопје годинава заловени 591 куче

Службата за хуман третман на бездомните животни при ЈП „Комунална хигиена“- Скопје,  во периодот од 1 јануари до 31 мај годинава заловила вкупно 591 бездомно куче од улиците на градот Скопје.

Од нив 371 било сместено во стационарот „Вардариште“, каде што од страна на ветеринарна екипа биле прочистени од внатрешни и надворешни паразити и стерилизирани, по што биле одбележани со ушна маркичка.

Вкупно 94 од овие кучиња биле вдомени за време на својот престој во стационарот „Вардариште“. Останатите кучиња биле вратени на истата локација од каде што биле заловени.

Во истиот период од вкупниот број заловени 126  биле еутаназирани, затоа што кај нив од страна на ветеринарната екипа била констатирана прекумерна агресивност или болест, односно, дека тие би претставувале опасност за безбедноста на граѓаните доколку бидат вратени на улиците.