Македонија
24. February 2024 - 9:59

Во Скопје изречени 161 мерка за прекршоци во сообраќајот

На територија на Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 161 мерка за прекршоци од областа на сообраќајот. 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се изречени 15 санкции за брзо возење, осум мерки за возење без возачка дозвола и исто толку за користење на мобилен телефон за време на возењето, седум санкции за поминување на црвено светло и четири санкции за управување под дејство на алкохол.