-->
-->
Во Скопје изречени 236 санкции за брзо возење
-->

Во текот на вчерашниот ден (31.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 236 возачи.
Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 147 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелирааат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од 15 до 30 минути се чека на Богородица за излез од земјава
-

Новиот изглед на Трамп предизвика реакции на социјалните мрежи
-

ЦУК: Активни се пет пожари во неколку општини
-

Сончево и топло со температури од 30 до 37 степени
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
