Во Скопје наврнале 32 литри дожд на метар квадратен
Во текот на изминатите 24 часа во Скопје-Лисиче наврнале 32л/м2, 22 во Тополчани, 19 во Крива Паланка, 12 во Виница, 9 во Тетово и Крушево, 7 во Берово, 6 во Струмица, 3 во Прилеп, 2 во Пожаране, Штип и Гевгелија и еден Дојран, соопштуваат од УХМР.
Времето денеска во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Максималните температуи ќе се движат во интервал од 27 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот=8
Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат до 32 степени.
До вторник ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Во понеделник и вторник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во среда времето ќе биде нестабилно на повеќе места и ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе придонесе да има опаѓање на температурата од 7 до 9 степени.
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК

