Во Скопје протест за поддршка на палестинскиот народ
Пред Мурат Пашината Џамија во Старата скопска чаршија денеска се одржа протест за поддршка на палестинскиот народ.
Група граѓани со транспаренти „Слобода за Палестина“ побараа да престанат нападите во Палестина.
Емин Хусрев, претседател на здружението „Копру“ рече дека нападите во последните дванаесет дена во кои се таргетираат цивили, меѓу кои значаен дел жени и деца, „кулминираа со бомбардирањето на баптистичната болница Ал Ахли, акт кој е неприфатлив за човештвото“.
Хусрев побара нападите да престанат нагласувајќи дека не може да се остане нем за она што се случува бидејќи до денес има над 3.500 жртви.
- Очекуваме, почнувајќи од соседните земји, час поскоро да се преземат потребните чекори во насока на воспоставување на мирот и стабилноста, додека од друга страна апелираме Америка, Европа и земјите од останатите региони да превземат праведен и хуманоцентричен став помеѓу страните, рече Хусрев.
Протестот за поддршка на Палестина е организиран од страна на неколку здруженија кои својата дејност ја вршат во земјава и кои за таа цел формираа Платформа.
Ново на Сител
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство
-
Му кажале дека има биткоини но дека треба да има 200.000 ден. на сметка за да ги подигне, 45 годишен маж измамен во Куманово
-
Повторен конкурс за сместување во студентски домови каде што има слободни места