Во Скопје утре изменет сообраќаен режим поради „Скопје трча 10К 2019“
Во Скопје утре во времето од 08.00 до 11.30 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка „Скопје трча 10К 2019“, и тоа трка на 10 км и штафетна трка 2 х 5 км.
Притоа, предвидената траса на движење е од бул.„Илинден“ (во двете насоки), крстосницата со ул. „Наум Наумовски Борче“ (фонтана Градски парк) до крстосницата со ул.„Никола Парапунов“, потоа лево по ул.„Никола Парапунов“, десно по бул.„Партизански Одреди“ до крстосницата со ул.„Ангел Динев“ (мост Влајко), полукружно назад по бул.„Партизански одреди“ (во насока кон „Сити Мол“) до крстосницата со ул.„Љубљанска“, па полукружно назад по бул.„Партизански одреди“, десно по ул.„Никола Парапунов“ и десно по бул.„Илинден“ до целта (фонтана Градски парк).
Како што соопшти МВР, од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари