Во Скопје вчера 8 сообраќајки, шест повредени, пајакот отстранил 72 возила

Во текот на вчерашниот ден СВР - Скопје извршил увид на вкупно осум сообраќајни незгоди, од кои пет се со последици материјална штета, а три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.
Во текот на изминатите 24 часа по спроведените контроли, информира за МИА самостојниот инспектор воп СВР - Скопје Драган Вељаноски, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Санкционирани се 10 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, четири возачи се исклучени од сообраќај поради тоа што ги управувале своите возила под дејство на алкохол, шест не ги почитувале светлосно сигналните уреди (семафори), додека седум возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани и регистрирани се 17 непрописно паркирани возила.
Санкционирани се и тројца возачи на велосипеди со мотор мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.
Со помош на специјалното возило „пајак“’ во текот на изминатиот ден отстранети се 72 возила.
Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во Детската Градинка „Синоличка“ објект „Лале“, кои се наоѓаат на подрачјето на општина Аеродром.
Ново на Сител
-

Мицкоски од Бутел: По 30 години полициските службеници добиваат нова полициска станица и соодветни услови за работа
-

Десетици илјади луѓе протестираа во Будимпешта поради скандал со злоупотреба на деца
-

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
-

До крајот на неделата сончево, максималната температура над просекот
-

Затекнати 14 малолетници во локал после полноќ, приведена 45-годишна жена која го изнајмила просторот во Куманово
-

Еден во кома: Неколку млади Белгијци хоспитализирани по пушење е-цигари од „домашно производство“
-

Нормализиран сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум
-

Обвинителството бара постапка против пет малолетници за насилство во училишен двор во Сарај
