Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава

Вечер ќе биде спроведена 13. дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман, соопшти денеска, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница.
- Активностите продолжуваат и во наредните денови. Издадов налози на 20 август да се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август, во раните утрински часови, да се изврши авионска дезинсекција, додека од 23 до 26 август да се спроведува терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци. Сите активности се реализираат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје - Скопје, одобрен од здравствените власти - се додава во објавата.
Ѓорѓиевски потсети дека во изминатиот период биле реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци.
- Дезинсекција против ларви: 7 мај - авионска дезинсекција, 11 јуни - авионска дезинсекција, 26 јуни - теренска дезинсекција, 10 јули - авионска дезинсекција, 23 јули - теренска дезинсекција, 11 август - теренска дезинсекција. Дезинсекција против возрасни форми на комарци: 1 и 2 јуни - авионска дезинсекција, 18 и 20 јуни - теренска дезинсекција, 27 и 28 јуни - авионска дезинсекција, 13 и 15 јули - теренска дезинсекција, 30 и 31 јули - авионска дезинсекција, 4 и 6 август - теренска дезинсекција. До крајот на сезоната, ќе се извршат повеќе од 20 дезинсекции против комарци - најави Ѓорѓиевски.
Овие податоци, како што се наведува во објавата, најдобро покажуваат дека активностите се спроведуваат континуирано, навремено и согласно однапред утврдена динамика.
- Продолжуваме навремено и системски да работиме на заштита на колективното здравје и благосостојбата на граѓаните - додаде скопскиот градоначалник.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
