Во Скопје викендот во 31 сообраќајка, повредени 19 лица
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 31 сообраќајна незгода.
Во петокот, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле три лица, од кои еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник и еден возач на мопед.
Во една сообраќајка која се случила во 10 часот и 30 минути на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ помеѓу патничко моторно возило „форд мондео“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје, со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој со друго возило бил пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.
На 28 ноември, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и шест се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден пешак и двајца велосипедисти.
Во текот на вчерашниот ден, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, четворица сопатници, двајца пешаци и еден возач на велосипед.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни