Во Скопје викендов трето прскање против комарци

Третата годинашна авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје ќе се реализира викендов, најавуваат од Град Скопје.
- Третиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) ќе се реализира в сабота, во период од 6 до 12 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар. Третиот, пак, наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) ќе се реализира в понеделник, во период од 9 до 17 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите стоечки водени површини (канали, езера во Градски парк, езеро Треска и по течението на Вардар), соопшти Град Скопје.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Од Град Скопје ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
