Македонија
14. јуни 2016 - 10:23

Во Скопје второ прскање против ларви од комарци

Град Скопје ги известува граѓаните дека задутре ќе врши второ авионско прскање против ларви од комарци, а на 20 јуни 2016 и втора терестрична дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје.

Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2016 година против ларви од комарци, ќе се реализира во четврток, во период од 06 до 12 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водни површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.

Терестричната дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 20.06.2016 година, во период од 09 до 17 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите стоечки водни површини во градот Скопје, канали, езера во Градски парк, езеро Треска и по течението на реката Вардар.
                         
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата против ларви од комарци ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и соодветната терестрична дезинсекција. 

Во соопштението на Град Скопје се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.