Во Словенија откриена голема плантажа со марихуана

Словенечката полиција, на границата со Хрватска открила голема плантажа со марихуана, за која се проценува дека вреди повеќе од два милиони евра на нелегалниот пазар.
Од хеликоптерот за контрола на границата, словенечката полиција забележала огромна плантажа на речен остров на Мура, недалеку од Беница од словенечка страна и Крижовац од хрватска страна, пишуваат локалните медиуми.
Според Индекс.хр, до плантажата не било лесно да се дојде и полицијата морала да се пробива низ гранки и грмушки.
На крајот се избриено 2.650 садници високи меѓу 80 и 110 сантиметри. Од овие растенија би се добило најмалку 600 килограми марихуана.
Тројца мажи на возраст меѓу 40 и 48 години се уапсени и изведени пред истражен судија во Мурска Собота, кој им одредил притвор.
Полицијата ги собрала сите растенија, а за да ги трабспортира бил потребен и хеликоптер.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
