Во Словенија отворени продавниците, со обврска вработените да се тестираат еднаш неделно
Голем број продавници во Словенија се отворија денеска, кои претходно беа затворени за клиенти со месеци, по одлуката на Владата да даде зелено светло за отворање на повеќето деловни активности.
Според владината одлука, сите продавници и компании под 400 квадратни метри можат да се отворат без оглед на тоа што продаваат или каква услуга даваат, а исто така се отворени и агенции за недвижнини, кои не работат со месеци.
Услов за отворање компанија е да се изврши задолжително редовно тестирање на вработените.
Во некои компании, како што се козметички салони, агенции за недвижнини, продавници за миленичиња, покрај вработените, и клиентите ќе мора да имаат негативен тест.
Агенцијата СТА посочува дека постои загриженост во врска со тестирањето, со оглед на тоа што вработените во многу компании ќе бидат тестирани за коронавирус еднаш неделно.
Отворањето на економијата беше поздравено од словенечките бизнисмени, но сепак постои претпазливост за тоа како ќе се организира тестирање за вработените и дали клиентите исто така мора да бидат тестирани
Ново на Сител
-
Протест пред зградата на РТС во Белград: Студентите залудно бараа вклучување во програмата
-
Во Братислава 60.000 луѓе протестираа со барање за оставка на Фицо
-
Лоши вести за Баерн, повредата на Дејвис е посериозна од очекуваното
-
Белград: На осомничената која удри девојка со автомобил и е одреден притвор до 48 часа
-
Ја заслужуваш титулата пријателе - Ѓоковиќ ќе навива за Зверев во финалето на Австралија Опен
-
Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
-
Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп
-
Инцидент во Нов Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка