-->
-->
Во Словенија регистриран голем пад на бројот на отворени работни места
-->
Дел од агенциите за вработување во Словенија објавија дека поради епидемијата на коронавирусот, забележале голем пад во побарувачката на работници и отворени работни места, јави дописникот на МИА од Љубљана.Кај некои агенции тој изнесува дури 80 отсто, а велат дека тоа не е забележано никогаш во нивната работа.
Генералниот директор на Заводот за вработување Митја Бобнар, изјави дека од почетокот на епидемијата побарувачката на работници е преполовена.
– Последниот период забележуваме благ раст само кај дејноста здравствена и социјална грижа, јавната управа и одбраната, потенцираше Бобнар.
Инаку, заводот пред една недела објави дека во април 14.000 лица во земјата остана без работа. Според нивните податоци во април како баратели на работа биле пријавени 88.648 лица, што е за 10.793 или 13.9 отсто повеќе во споредба со март.
На дел од отпуштените не им бил продолжен договорот за работа, дел биле прогласени за технолошки вишок, а останатите добија откази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Граѓаните сѐ уште ги плаќаат сметките од владите на Заев и Ковачевски
-

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра
-

ЦИА декласифицираше белешки за Ал Каеда
-

Кривична пријава против 27 лица за незаконско внесување категории во возачки дозволи
-

Тешка сообраќајна несреќа кај Миладиновци, наредби за обдукција на две починати лица
-

Удрил полицаец па во полициското возило при обидот да избега - МВР со детали за директорот од „Царина“ фатен со 17.500 евра мито
-

21 годишен фудбалер на Тетекс загина во тешка сообраќајна несреќа
-

ЦУК: До 07:30 часот 31 пожар, три активни, четири под контрола
