Македонија
27. April 2023 - 8:34

Во Собранието денес ќе се одржи седница за пратенички прашања

Собранието денеска треба да ја одржи 113. седница, на чиј дневен ред е поставувањето на пратенички прашања.

Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот, а согласно практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратеници од опозицијата.