Во Собранието седница на три комисии

Во Собранието денеска седница ќе одржат три комисии - Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.
На дневен ред на Комисијата за социјална политика, демографија и млади се две точки - Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година и Предлог на одлуката за согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2025 година, во второ читање.
Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе дискутираат по Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2025 - 2029 година, во второ читање.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог на законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство во прво читање, Предлог на финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2025 година и Предлог на одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2025 година, во второ читање.
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
