Во Собранието седници на шест комисии
- Во Собранието на Република Македонија седници денеска ќе одржат комисиите за економски прашања, за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците, за образование, наука и спорт, за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.
Комисијата за економски прашања ќе го разгледа Извештајот на Законодавно-правната комисија, по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија во второ читање и предлог законите за финансиска поддршка на инвестиции и Законот за Државен пазарен инспекторат во прво читање.
На седницата на Комисијата за финансирање и буџет во второ читање ќе се разгледа Предлог - законот за пријавување и евиденција на обврски.
Пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на дневен ред се Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за судовите и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија во прво читање.
Комисијата за образование, наука и спорт ќе расправа по Предлог - законот за Математичко-информатичка гимназија во второ читање.
Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе ги разгледаат Педлог - законот за меѓународна и привремена заштита во второ читање и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во прво читање.
Законодавно-правната комисија ќе расправа по Предлог - законот за пријавување и евиденција на обврски, Предлог - законот за математичко-информатичка гимназија и Предлог - законот за меѓународна и привремена заштита, сите во второ читање.
Ново на Сител
-
57 пациенти од трагедијата во Кочани остануваат на болничко лекување двајца се уште се во критична состојба
-
Утре одлука на Таравари: Останува во Вреди или сам ќе трча на локалните избори
-
Муцунски од Луксембург: Крајно време е Македонија да ги започне преговорите со ЕУ
-
Зголемена наплатата на вкупните приходи, најмногу од дивиденди од државните институции
-
Палчо ќе сведочи на денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Кочани денеска ќе добие привремен градоначалник, 45 лица осомничени за пожарот во Пулс
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски
-
Таравари со последни информации за повредените во Кочани