Во Собранието седници на три комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања, Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Комисијата за транспорт, врски и екологија.
Членовите на Комисијата за европски прашања ќе расправаат по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА) (*), по скратена постапка.
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е Формирањето на Комисија за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Пред членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија на дневен ред се неколку точки - Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2022 година (арх. бр. 08-3782/1); Годишниот извештај за работа на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2022 година (арх. бр. 08-1896/1); Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2023 година (арх. бр. 08-4421/1); Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2023 година (арх. бр. 08-4177/1); Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2024 година (арх. бр. 08-5612/1); Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2021 година (арх. бр. 08-2986/1); Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година (арх. бр. 08-2945/1); Извештајот за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2022 година (арх. бр. 08-1654/1); Извештајот за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2021 година (арх. бр. 08-1460/1) и Извештајот за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година (арх. бр. 08-1895/1).
Ново на Сител
-

Земјотрес во Скопје со јачина од 2,5 степени по Рихтер
-

Топло и ветровито, максималната температура до 39 степени
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
