-->
-->
Во Софија и повеќе бугарски градови се одржаа мирни протести за поддршка на Украина
-->
Најмалку 20.000 луѓе се собраа вчеравечер на Плоштадот на независноста во Софија на марш за поддршка на Украина, јави дописникот на МИА од Софија.
Присутните носеа знамиња на Бугарија, Украина и извикуваа „Слава на Украина“.
Учесниците носеа фотографии од руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, на кои пишуваше „персона нон грата“. Тие ги вклучија светилките на мобилните телефони за поддршка на Украина.
Маршот беше организиран по повикот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој побара граѓаните на европските престолнини да излезат на мирен марш за поддршка на Украина.
Мирните протести во Софија и во неколку други поголеми градови во Бугарија беа организирани од социјалните мрежи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Камп Фест викендов во Преспа
-

Одбележани 25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Скокнал од чамец по веслата кои му паднале, скопјанец се удави во Преспанското Езеро
-

Судење за „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека
-

ЦУК: Девет пожари на отворено, пет се активни
-

86-годишник и неговиот 60-годишен син се обиделе да силуваат 33-годишна жена во угостителски објект во Леуново
-

Директорот на Инфективна: Немаме податоци за пациенти со проблеми поради водата за пиење во Скопје
-

Се трага по 19-годишник од Тетово, исчезнал пред два дена
