Во Солун принудно слетал авион по пожар во пилотската кабина
Поради пожар во пилотската кабина, авион на компанијата „Рајанер“ попладнево принудно слетал на аеродромот во Солун, а сите 164 лица, патници и членови на екипажот безбедно биле евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, во 17.45 часот авионот кој од Берлин летал за Атина, додека бил над Халкидики испратил сигнал за помош и побарал принудно слетување поради пожар во пилотската кабина, по што веднаш биле активирани сите предвидени протоколи.
Принудното слетување било успешно, а 157 патници, едно бебе и шест членови на екипажот безбедно го напуштиле авионот.
Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека според информациите од Противпожарната служба на Грција во електронските системи во пилотската кабина имало знаци на пожар, а на аеродромот во Солун биле 20 пожарникари со девет возила, но не била потребна интервенција.
Ново на Сител
-
Снег во Словенија
-
Претреси во Кичево, пронајдена дрога
-
Мицкоски: Имам чувство дека состојбата во Украина ќе ја зголеми цената на струјата на берзите
-
Лекарот обвинет за смртта на Метју Пери, се изјасни за виновен
-
Утре и викендов повремен дожд, во сабота пообилни врнежи и силен ветер
-
Мицкоски: На ДУИ им посакувам опозициски денови во коишто ќе се реформираат
-
Двајца лекари и еден техничар загинаа во сообраќајката кај Прилеп
-
Целосно изгаснат пожарот во Чаир