Во Србија легално во моментот се 100.000 странци, а само 160 бегалци во прифатни центри

Во Србија во моментот се проценува дека легално работат до 100.000 странци, а само околу 160 бегалци се во прифатни центри. Тоа за агенцијата Бета го изјави претседателот на УО на Центарот за заштита и помош на барателите на азил, Радош Ѓуровиќ.
По повод Меѓународниот ден на бегалците, 20 јуни, изјави дека меѓу бегалците во Србија има најмногу луѓе од Авганистан, Египет, Русија, Гана, Турција и Сирија. Оваа година досега азил побарале 161 лице.
„Азил добија осум лица – бегалци од Сирија, Бурунди, Сиера Леоне, Иран и две супсидијарни заштити за лица од Сирија“, рече Ѓуровиќ.
Исто така, беше забележано дека „повеќе од 32.000 лица од Украина и повеќе од 43.000 Руси престојуваат во Србија пократок или подолг временски период, од кои 1.028 лица од Украина уживаат привремена заштита во Србија“.
Ѓуровиќ изјави дека бегалците се соочуваат со проблеми со бавни процедури како и со пристапот и остварувањето на здравствена заштита. Исто така, постојат проблеми со системската помош во интеграцијата – „од планиран пристап и помош при вработување, образование, учење јазици, социјализација, запознавање со прописите, правата и обврските.
Тој, исто така, истакна дека Меѓународниот ден на бегалците се слави во нови, турбулентни, меѓународни и безбедносни околности и во, како што изјави, растечки антимигрантски наратив кој се шири во земјите од најразвиениот свет, „од многу екстремно десничарски популистички политички и интересни групи“.
МИА
Ново на Сител
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
