Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници
Членови на четири репрезентативни образовни синдикати од цела Србија денеска напладне започнаа протест пред Народното собрание на Белград, а потоа и пред Владата и Министерството за образование, потсетувјќи дека нема да се откажат од своите барања за подобрување на финансиската состојба на вработените во училиштата и предучилишните установи.
Поради протестот во повеќето училишта денеска немаше настава или беше со скратено работно време, јави дописникот на МИА од Белград.
Претседателот на Сојузот на просветните работници на Србија, Добривоје Марјановиќ, изјави дека е неточно тврдењето на Владата дека нема пари за покачување на платите од 12 отсто што го нуди Владата.
– Во медиумите слушаме дека државата има голем вишок, суфицит, што значи дека парите не се распределуваат како што треба, изјави Марјановиќ кој денешниот протест го оцени дека бил уште поуспешен од пред еден месец.
Претставниците на синдикатите вчера разговараа со српскиот премиер Милош Вучевиќ и со министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ, но двете страни останаа на поделени позиции.
Претседателот на Синдикатот на просветните работници од Војводина, Милан Трбовиќ, на протестот рече дека државата покажува непочитување кон просветните работници и ја девалвира нивната работа и дека наскоро ќе вегуваат во училиштата со рударскиот поздрав – Со среќа!- Повторно се собравме, навикнати на игнорирње на државата за најобразованата професија, според повикот, бидејќи оваа професија е од витално значење за Србија, рече Трбовиќ.
Тој потсети дека една година во Собранието на Србија не се гласаат измени на Кривичниот законик со кои, како што рече, би се спречило насилство во образованието врз просветните работници.
И додека опозијата ги поддржа барањата на протестот, министерот за финансии Синиша Мали изјави дека „штрајкот во образованието не е решение, оти најголем дел од барањата се исполнети“.
– Ги исполнивме условите тие да добијат статус кој може да им обезбеди поголема безбедност и сигурност, но не и статус на заштитено лице, потоа барањето за изедначување на коефициентот, а што се однесува до покачувањето на платите, кога видовме колкав е фискалниот простор, рековме дека просветните работници ќе имаат 50 отсто поголем пораст на плати од 1 јануари следната година во однос на сите други вработени во јавниот сектор, рече Мали.
Според Министерството за образование, денеска наставата во целост е спроведена во 48,32 отсто од училиштата во Србија, во изменет режим настава е организирана во 28,29 отсто, додека 23,39 отсто од училиштата целосно ја прекинале воспитно-образовната работа.
Ново на Сител
-
Се пренасочува сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце
-
Американците се обложиле во 100 милиони долари на Трамп против Харис
-
СДСМ со предлог за нула ДДВ за прехранбените производи, Владата најавува поригорозни казни ако се зголемат цените
-
Конференција 75 години НАТО
-
Опозицијата прифаќа да оди на предвремени избори, албанската коалиција на власт смета дека нема потреба од избори
-
Изборен ден во САД
-
Без струја дел од корисниците во општините Карпош, Сопиште, Кисела Вода и Ѓорче Петров
-
Состојба на патиштата