Во Србија продолжува парламентарна расправа, се чека гласање за новата влада
Српскиот парламент претпладнево ќе ја продолжи првата вонредна седница на која единствена точка на дневен ред е избор на Влада и давање заклетва на претседателот и членовите. Се очекува дискусијата да продолжи, по што пратениците треба да гласаат, јавија српските медиуми.
Продолжението на првата вонредна седница на Националното собрание во актуелното свикување е закажано за девет часот. На седницата, која почна вчера, излагање поднесе претставникот за состав на новата Влада Милош Вучевиќ.
Во тричасовното обраќање пред пратениците, меѓу другото, тој истакна дека владата што ја предлага ќе биде влада на континуитет во најголема мера, како и дека полноправното членство во ЕУ останува стратешки приоритет на Србија. Тој наведе и дека најголемиот предизвик на новиот кабинет ќе биде одбраната на суверенитетот, ќе се предложи задолжителен воен рок од четири месеци. Вучевиќ порача дека членовите на Владата мора да бидат тим, дека секогаш мора да бидат подготвени да ги штитат националните и виталните интереси на Србија, а неговото прво и единствено барање е несомнената лојалност кон татковината. На Собранието му предложи 31 член на кабинетот, меѓу кои има осум нови личности.
Ново на Сител
-
Над половина од Американците сметаат дека Трамп е премногу близок со Русија
-
Американската амбасада во Белград издаде безбедносно предупредување во врска со утрешниот протест
-
Сити го продава Грилиш
-
Стеф Кари со 4.000 реализирани тројки во својата НБА кариера
-
Бин Салман и Путин: Важно е наскоро да се постигне договор за примирје во Украина
-
Во Собранието нов обид за одблокирање на работата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
-
Вучиќ во подкаст кај Трамп помладиот: Србија се соочува со обид за „обоена револуција“
-
Венс: Би се шокирал доколку Трамп прифати распоредување нуклеарно оружје во Источна Европа