Во Србија уапсени 56 лица осомничени за корупција
Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија во повеќе одвоени акции за сузбивање финансиски криминал и корупција уапсија 56 лица осомничени за корупција уште од 2008 година.
Меѓу уапсените е и В.Р., поранешно одговорно лице на аеродромот „Никола Тесла“, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.
Во акциите, спроведени на територијата на Белград, Нови Сад, Панчево, Смедерево, Зајечар, Крагуевац, Краљево, Крушевац, Прокупље, Пирот и Нови Пазар, уапсените се осомничени дека со коруптивни кривични дела го оштетиле буџетот на Република Србија, буџетите на локалните самоуправи и други правни и физички лица за повеќе од 8,4 милиони евра.
Во акцијата, исто така, се запленети 31.627 штеки цигари од различни марки без акцизни маркички, во вредност од околу 50 милиони динари, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Уапсен платен убиец во Белград
-
Пронајдени мигранти во гевгелиско, приведени две лица
-
Полициска акција во угостителски објект во Охрид
-
Инспектори од Град Скопје затекнале лица кои создавале депонија на приватен имот и ја палеле
-
Пејачот Лијам Пејн пронајден мртов
-
Детали за тешката сообраќајка кај Катланово во која три лица загинаа
-
Без вода делови од Скопје
-
Мексиканскиот суперполицаец осуден на 38 години затвор за примање мито од картелите