Македонија
20. May 2024 - 16:39

Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк

Гласањето во избирачките места за кои државната изборна комисија го поништи изборниот процес ќе се спроведе во среда.. Право на повторен избор имаат над 4.500 избирачи од општините Охрид, Струга, Крушево, Долнени и Желино.. Ќе се гласа во седум избирачки места.. Дел од запишаните избирачи, правото на глас ќе го искористат во старечки домови каде престојуваат или во затворите каде издржуваат затворски казни.. Такви има седуммина.. Во прилепскиот затвор гласаат тројца, во истражниот во скопско Шуто оризари право на глас имаат двајца, а по еден ќе глаасаат во старските домови во Битола и Карпош..

Од ДИК појаснуваат дека гласањето на затворениците и болните ќе се реализира утре, а ќе го спроведат општинските изборни комисии на територијата каде се наоѓаат лицата.. Во меѓувреме се дистрибуира гласачкиот материјал..

Прегласувањето во среда следи откако минатата недела по поднесени приговори ДИК го поништи гласањето заради утврдени неправилности од изборниот ден на 8 мај.. разврска се бараше и од Управниот суд по тужби од Европскиот фронт кој обвини за изборен инженеринг..

Од државната изборна комисија појаснија дека нивните математички симулации покажале дека прегласувањето може да го смени распоредот на освоени пратенички мандати во изборните единици пет и шест..

Европскиот фронт веќе објави дека прегласувањето е на нивна штета, и очекуваат  дека по гласањето во среда ќе изгубат двајца пратеници.. Според пресметките на пратеник плус може да се надеваат Коалциите Вреди, ВМРО-ДПМНЕ или ЛДП..

Од ноќеска на полноќ па се до среда во 19 часот е изборен молк..