Македонија
20. April 2016 - 10:34

Во средните училишта во Дебар,Жупа и Ростуше во прва година може да се запишат 544 ученици

Врз основа на конкурсот на МОН за упис во прва година, во учебната 2016/2017 година, во трите средни општински училишта, колку што функционират во општините Дебар,Центар Жупа и Маврово Ростуше, можност за упис имаат 544 завршени основци.

- Во нашата установа можност за упис во прва година во новата учебна  година имаат 340 ученици, во десет паралелеки, од кои четири со настава на македонски и шест на албански наставен јазик.Од нив девет се гимназиска насока, и една паралелека градежно-геодетска, со настава на албански наставен јазик, вели Шабан Алајбегу,секретар во СОУ„Здравко Чочковски“ во Дебар.

Според него, од паралелките со настава на македонски наставен јазик, три се во Дебар и една паралелка во село Могорче, во кои  вкупно може да се запишат 136 ученици. На албански наставен јазик 170 се за гимназиска и 34 ученици градежно геодетска насока.

Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, според директорот Аќиф Селман  квотата за упис во прва година е 102 ученика. Од вкупниот број, 34 ученици или една паралелка со настава на македонски и 68 ученици или две паралелки со настава на турски наставен јазик.

- Во СОУ„Маврово Ростуше“ во Ростуше, седиштето на општина Маврово Ростуше, во прва година право на упис, според Конкурсот, имаат 102 завршени основци, во три паралелки, сите на мајчин македонски јазик, велидиректорот Бајрам Требишки. 

Заедничка е оценката од трите училишта,дека последните години, ни во едно од нив, предвидената квота не била целоснно пополнета,бидејќи дел од учениците,се запишуваат на средни стручни училишта во други градови.

Ново на Сител