-->
-->
Во страв за својот живот: Има повеќе од 270 килограми, а за тоа ја обвинува својата мајка!
-->

Доти е мајка на две деца која живее во страв дека може да умре прерано. Причина е нејзината тежина, а како што вели таа виновна за тоа е нејзината мајка.
Во емисијата „My 600-lb Life“, Доти открива што ја довело до оваа ситуација. Таа никогаш немала близок однос со нејзината мајка, а тоа толку многу ја фрустрирало па нејзината единствена утеха ја нашла во храната. На 18 години, таа имала повеќе од 130 килограми.

Само јадев и јадев. И не можев да престанам - вели Доти, објаснувајќи дека во еден период качувала по неколку килограми неделно.
Денес, и сама е мајка на две деца, но се уште ги чувствува последиците од однесувањето на мајка и. Како што вели, таа ја отфрлила, а Доти тоа никогаш не го преболила.

Сепак, емоционалната болка не е единствената од детството. Прекумерната тежина која ја има целиот живот сега почнала да и прави нови проблеми поради кои не може да се движи. Нејзината најчеста и речиси единствена релација е од куќата до автомобилот. Но, и во автомобилот не е лесно, бидејќи мора да седи на спуштено седиште.
Ситуацијата е повеќе од алармантна, но Доти се надева дека ќе успее. Започнала со ригорозна исхрана во обид да си го спаси животот, но и поради страв дека децата прерано ќе останат без мајка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Облачно со локални врнежи од дожд
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
