Македонија
11. December 2016 - 18:13

Во Струга до 17 часот 53,4 отсто излезност, а во Вевчани 73,5 отсто

До 17 часот излезноста во општина Струга е 53,4 отсто, а во Вевчани 73,5 отсто.

Претседателите на општинските изборни комисии информираа дека и во двете општини гласањето се одвива мирно и до нив не стигнале забелешки.

- До нас нема стигнато ниту една забелешка. Се надевам така и ќе заврши денешниот изборен ден во сите 101 избирачко место, изјави претседателот на ОИК Струга, Бледар Зиба.

Претседателката на ОИК Вевчани, Параскева Гогоска – Кукоска информира дека од 2.044 регистрирани гласачи, своето избирачко право го оствариле 1.503 лица во три избирачки места.