Македонија
1. October 2018 - 14:41

Во Струга одбележан Меѓународниот ден на старите лица

Во рамките на активностите за одбележување на Меѓународниот ден за грижа на стари лица, 1 октомври, Општинската организација на Црвен крст - Струга денеска имаше средба со претставници на Здружението на пензионери и активот на жени.

Волонтерите на Црвениот крст, како што информира секретарот на Црвен крст – Струга, Адуреиме Даути, со 40-тина членови од здруженијата разговарале за правата на старите лица, грижата за нив и посветеноста од институциите.

- Грижата кон старите лица треба да е поголема. Тие тоа и го заслужуваат. Секој од нас може да помогне барем малку да им возвратиме за тоа што го направиле за нас, порача Даути.

Медицински тим на Црвениот крст им проверувал шеќер во крвта на присутните, а во рамки на активностите ќе бидат доделени и хуманитарни пакети на стари, изнемоштени и осамени лица.