Во Струмица лишени од слобода две лица кај кои при претрес е пронајдена дрога

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, синоќа, во 22.30 часот, во Струмица го лишиле од слобода Ј.М. (34) од Струмица, затоа што во патничкото возило „санг јонг“ со бугарски национални ознаки, управувано од негова страна, бил пронајден кокаин.
Како што соопшти МВР, исто така, вчера, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, бил извршен претрес во домот на З.Б. (58) во Струмица, поради основи на сомнение дека му ја продал дрогата на Ј.М..
-При претресот биле пронајдени повеќе полиетиленски пакувања со кокаин, марихуана, дигитална вага, шприц исполнет со кафеава материја и пари во различни апоени. Ј.М. и З.Б. биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
