Македонија
19. December 2021 - 11:44

Во струшки минибус затекнати тројца млади Индијци кои илегално влегле во земјава

Вчера околу 17.35 часот на автопатот Тетово-Скопје, во близина на наплатна рампа с.Желино, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во минибус со струшки регистарски ознаки, соопшти МВР.

При контролата, во минибусот биле затекнати Е.Н.(25), Д.К.(36) и М.С.(25), сите од Индија. Тие биле приведени затоа што оствариле илегален влез во Република Северна Македонија.

На лицата им била изречена соодветна санкција и мерка протерување на странец од земјата со забрана за повторно влегување.