Свет
7. May 2016 - 14:12

Во судар на кинески бродови исчезнаа 17 лица

Во Источното Кинеско Море денеска кинески рибарски брод се судри со странски товарен брод и потона, при што исчезнаа 17 лица, соопшти кинеската крајбрежна стража.

На рибарскиот брод „Лу Ронг Ју 58398“ во моментот на несреќата се наоќале 19 лица, а двајца од нив биле спасени од рибарски бродови кои биле во близина.

Спасувачката акција е во тек.