-->
-->
Во супермаркетите во Романија задолжително треба да се продаваат 51 процент романски производи
-->
Романскиот претседател Клаус Јоханис потпиша денеска закон со кој романските супермаркети задолжително треба да продаваат најмалку 51 процент на производи како месо, земјоделски производи, јајца и зеленчук со романско потекло , јави БТА.
Предлог законот, кој го одоби Јоханес, беше даден од страна на романскиот парламент минатиот месец.
Мерката е предвидена само за маркетите кои имаат годишен промет од над 2,2 милиони долари.
Трговците кои нема да го почитуваат законот ќе бидат казнети со глоба во висина од 24.600 до 36.800 долари.
Законoт е критикуван од страна на Асоцијацијата на трговци на големо, според кои оваа мерка може да доведе до зголемување на цените.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?