Во тешка сообраќајка на Илинденска седумина повредени
Тешка сообраќајката се случила утринава меѓу возило со марка Бмв управувано од 25 годишно лице од Скопје и патничко моторно возило марка мерцедес во кое се превезувале шест лица, пет девојки и едно момче.
Возачот на возилото БМВ по сообраќајната незгода го оставил возилото и го напуштил местото на незгодата.
Со возило на брза помош повредените лица од возилото мерцедес биле префрлени во клиничкиот центар Мајка Тереза.
Кај две од девојките се утврдени тешки телесни повреди и се задржани на лекување, а кај две девојки се утврдени телесни повреди и се задржани на лекување, а додека возачот на мерцедесот и една од девојките која е малолетна се упатени на домашно лекување.
Од страна на единицата алфи, возачот на БМВ бил пронајден во неговиот дом околу 6:30 утринава и бидејќи бил видно повреден бил пренесен во градската општина болница Св. Наум Охридски, од каде од страна на доктор констатирани му се телесни повреди и предложено му е болничко лекување, но одбил да биде хоспитализиран.
Од МВР јавуваат дека деталите околу сообраќајната незгода ќе бидат дополнително утврдени.
Ново на Сител
-
Опожарени три автомобили во Расадник во скопска Кисела Вода
-
Околу 500 000 метри кубни дрва годишно завршуваат на црниот пазар
-
Без нов закон за средно образование нема целосна инклузија на лицата со попреченост
-
На Охрид му треба елитен или масовен туризам
-
Мариовско- Мегленски средби
-
Преглед на вестите од светот
-
Tема на денот со историчарката Наташа Котлар
-
Со ново одделение ЈО ќе се бори против корупцијата