Во Токио викендов средба на министрите за надворешни работи на Јужна Кореја, Кина и Јапонија
Министрите за надворешни работи на Кина, Јужна Кореја и Јапонија оваа недела ќе се сретнат во Токио, соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи.
Јужнокорејскиот министер Чо Тае-Јул, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и јапонскиот колега Иваја Такеши „ќе разговараат за напредокот на трилатералната соработка“ од претходната трилатерална средба на лидерите на трите земји во мај минатата година.
Покрај тоа, тие ќе ги споделат своите позиции „за идниот развој на трилатералната соработка, како и за регионалните и меѓународните прашања“.
Се очекува министрите да разговараат и за напорите за обезбедување на следниот состанок на тројцата лидери, кој се очекува да се одржи во Јапонија подоцна оваа година, како и општи дискусии за начините за подобрување на соработката во економијата, културата и прашањата поврзани со Корејскиот полуостров.
За време на посетата, министерот Чо планира да оствари билатерални разговори со Иваја и Ванг, додаде Министерството.
Оваа година се очекува Јужна Кореја да биде домаќин на самитот на АПЕК кон крајот на октомври и почетокот на ноември. Домаќин на средбата следната година ќе биде Кина.
Ново на Сител
-
Кочани тагува
-
Повредените во стабилна состојба
-
Зошто пожарот во „Пулс“ беше толку смртоносен?
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Истрагата за пожарот - убиец проширена со седумина полициски службеници
-
Притвор за приведените полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Владата препорачува утре да биде неработен ден во Кочани