Во Турција приведен уредник на левичарски сајт
Турската покиција го приведе Али Ергин Демиран, уредник на сајтот „sednika.org“, кој резултатите од референдумот за уставни промени ги прогласи за незаконски.
Главниот уредник на левичарскиот сајт е приведен во текот на рацијата извршена во канцелариите.
- Демирхан е притворен под обвиниение дека организирал протести преку социјалните мрежи, се обидувал да ја докаже незаконитоста на референдумот и ги поттикнувал луѓето на непријателство, се наведува на сајтот.
Исто така се потенцира дека „sednika.org“ нема да биде замолчен.
Неговото приведување уследи откако истанбулската полиција лиши од слобода најмалку 16 левичарски активисти кои учествуваа во демонстрациите против резултатите од референдумот.
Досега издадени се 38 налози за притвор.
Во меѓувреме турските медиуми објавија дека шест лица се притворени во Измир под обвинение дека јавно го навредиле турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на референдумот.
Ново на Сител
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ