Во Турција приведени повеќе од 100 анти-НАТО демонстранти

Турските власти приведоа повеќе од 100 луѓе кои учествуваа во анти-НАТО демонстрациите што завчера ги организираше Комунистичката партија на Турција (ТКП), во пресрет на самитот на лидерите на НАТО закажан за утре и задутре во Анкара.
Турција утре и задутре во Анкара ќе биде домаќин на лидерите на 32-та сојузници на НАТО, како и на официјални претставници од партнерските земји.
Властите ги заострија безбедносните мерки ширум Анкара во очекување на самитот, забранија демонстрации, подигнаа барикади и затворија патишта во многу делови од градот.
ТКП наведе дека организирала демонстрации во центарот на Анкара, додавајќи дека се приведени повеќе од 100 членови на партијата, вклучувајќи и функционери.
Фотографиите на социјалните мрежи прикажуваат демонстранти како мавтаат со знамиња и скандираат слогани како „НАТО, убиецу, излегувај од земјата“, додека полицијата за разбивање демонстрации користела солзавец за да ја растера толпата.
Стотици луѓе маршираа на уште едни демонстрации на ТКП во Истанбул, а во тој град се одржаа и два други собири организирани од левичарски групи. И покрај силното присуство на полицијата, во Истанбул не беа пријавени судири.
Владата не се огласи во врска со демонстрациите и апсењата.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
